Митровски влегува во форма, постигна нов атрактивен гол за Олимпија (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Димитар Митровски влегува во голгетерска форма, откако минатиот викенд постигна спектакуларен гол од слободен удар, сега и против Приморје во триумфот од 3-0 на Олимпија Љубљана се запиша во листата на стрелци.

Митровски стрелаше во 62-та минута со еде одличен удар од шеснаесетникот во кој голманот немаше шанси да интервенира. До крајот Олимпија постигна и уште еден гол за потврда на триумфот.

За Митровски ова беше четврти погодок во словенечкиот шампионат, додека Олимпија се наоѓа на петто место на табелата.