Норис најбрз на спринтот во Мајами, Пјастри зад него
Актуелниот шампион дојде до највисокото место на подиумот, а зад него заврши неговиот тимски колега оскар Пјастри кој доцнеше речиси четири секунди. На третото место се пласираше Шарл Леклер од Ферари.
Кими Антонели кој е водечки во генералниот пласман заврши како четврти, меѓутоа беше казнет поради излегување од патеката и падна на шестото место. Така, Расел е петти, Верстапен шести, бодови освоија уште Хамилтон и Гасли.
На програмата вечерва од 22:00 часот се квалификациите за трката.