Епски распад на Орландо - водеше со 24 разлика, па не даде поен 45 минути (ВИДЕО)

Најдобриот тим во Источната конференција по основниот дел од сезоната Детроит Пистонс на магичен начин избегна историска бламажа и се избори за „мајсторка“ во серијата со Орландо.

Тимот од Мичиген победи со 93-79 и покрај тоа што на полувреме губеше со 22, а на стартот од третата четвртина со највисоки 24 разлика (38-62). Нешто подоцна почна кризата на домашниот тим каква што не е видена во историјата на НБА лигата, кога станува збор за плејоф натпревар.

 

 

Меѓу третата и последната четвртина Орландо имаше 23 промашувања од игра по ред. Во реално време, Меџик немаше кош точно 45 минути (14 минути во игра), односно од 20:46 до 21:31 по локално време.

За цело второ полувреме домашниот тим постигна само 19 поени, а во последната четвртина реализира едвај еден кош од игра (1/20) и тоа забивањето на Банкеро. 

Детроит беше во негатива од 1-3 во серијата, а сега на домашен терен имаше шанса да ја реши серијата и да се пласира во конференциското полуфинале.

фото: x.com/OrlandoMagic