Динамо сака да го врати Модриќ, но тој разгледува само две опции!

Лука Модриќ планираше кариерата да ја заврши со настап на Светското првенство, но по одличната сезона во Серија А, Хрватот може да игра уште.

Додека тој се опоравува од повредата која ја заработи на дуелот со Јувентус, продолжуваат гласините за неговата иднина.

Динамо Загреб сака да го врати Лука Модриќ, да го фати на емоции и да му направи проект кадешто тој таму би ја завршил кариерата.

Модриќ беше дел од младинската школа на Динамо Загреб, таму почна сениорски фудбал и од таму замина во Тотнем во 2008 година.

Но, информациите велат дека Модриќ отфрла таква можност, тој разгледува само две опции, едната е да одигра уште една сезона во Милан, а втората е да стави крај на кариерата по настапот на Светското првенство.

За да остане во Милан тој има два услова, Масимо Алегри да продолжи да биде тренер и тимот да настапува во Лигата на шампионите.