Форест подобар во англиската пресметка, но Астон Вила ќе го има последниот збор (ВИДЕО)

Нотингем Форест го зададе првиот удар во англиската пресметка од Лигата Европа откако вечерва ја победи Астон Вила со 1-0 на домашен терен.

Се очекуваше повеќе од две екипи, особено на планот на ефикасноста, но мечот беше решен со еден гол, постигнат во второто полувреме. Стрелец беше Вуд ое пенал откако Лука Дињ играше со рака во својот шеснаесетник. Сепак, победникот од овој двомеч ќе се решава на Вила Парк идната недела каде тимот од Бирмингем ќе има огромн поддршка од навивачите, а Унаи Емери ќе се обиде да стигне до ново финале во Лигата Европа.

Предноста на домашен терен вечерва ја искористи и Брага која со 2-1 го совлада Фрајбург во вториот полуфинален меч. Победникот беше одлучен во судиското продолжение од второто полувреме, поточно во 92. минута кога Доргелес го постави конечниот резултат. Претходно, Брага поведе преку Тикназ, а израмни Грифо.