Жестока казна за голманот на Сарагоса кој нокаутира ривал (ВИДЕО)

Голем скандал се случи во Шпанија кога голманот на Сарагоса, Естебан Андрада го нокаутираше противничкиот фудбалер Хорхе Пулидо, откако претходно му покажаа црвен картон, а сега пристигна и суспензијата.

Голманот беше исклучен поради тоа што го турна ривалот, по што се налути и тргна да го брка Пулидо, а потоа го нокаутира и затоа доби суспензија од 13 натпревари.

Ова значи дека сезоната за Андрада е веќе завршена во дресот на Сарагоса.