Мбапе ги разочарал во Мадрид, далеку е од она што го очекуваа?
Радио „Кадена“, кое е наклонето кон „кралскиот клуб“, зборуваше за Килијан Мбапе. Французинот оваа сезона има одличен индивидуален учинок, но тоа не му помогна на тимот да стигне до трофеи. Уредникот на емисијата „Ел Партидазо“, Хуанма Кастањо, изнесе неколку инсајдерски информации.
„Зад затворени врати, во Реал сметаат дека Мбапе не е лидер каков што очекуваа, ниту на теренот, ниту во соблекувалната. Нема авторитет кај соиграчите, едноставно мора да направи чекор напред ако Реал сака трофеи“, изјави Кастањо.
На темата со Мбапе се огласи и новинарот на „Марка“, Дејвид Санчез.
„Мбапе е еден од најдобрите играчи во светот, но многу зависи од тимот. Тој и понатаму постигнува голем број голови, но многу е потешко да се освојуваат трофеи во Шпанија отколку во Франција“.
Ќе потсетиме, Реал сезонава настапот во Лигата на шампионите го заврши во четвртфиналето во кое беше елиминиран од Баерн Минхен, додека во Купот на Шпанија доживеа шокантна елиминација од третолигашот Албасете.