Детенце го провоцираше Ноер во Париз, не му ја даваше топката (ВИДЕО)

ПСЖ и Баерн Минхен одиграа епски натпревар во кој домаќините славеа со 5-4 и овој дуел е најефикасното полуфинале во историјата на Лига на шампионите, а по натпреварот во центарот на вниманието се најде и голманот Ноер.

Ветеранот немаше своја вечер и прими пет гола од исто толку удари кои одеа во рамките од голот, меѓутоа покрај тоа имаше и проблем со детенце кое собираше топки. 

Имено, момчето кое собираше топки во еден момент одлучи да не му ја враќа топката. Ноер во таа ситуација сепак остана мирен и не дозволи да биде испровоциран.