Проблем за Анчелоти: Бразил без еден од главните дефанзивци ќе оди на СП!
Фудбалерот на Реал Мадрид, Едер Милитао денеска ќе биде опериран во Финска по што ќе започне процес на рехабилитација.
Тој неколку месеци ќе биде надвор од терените, со сигурност нема да настапи на Светското првенство.
Прогнозите велат дека на теренот ќе се врати дури во октомври, што значи дека ќе го пропушти и воведниот дел од идната сезона.