Јунајтед го среди и Брентфорд и е на бод од кам-бек во Лигата на шампионите (ВИДЕО)
Исклучително динамичниот и интересен натпревар можеше да биде зачинет со уште некој гол, но фудбалерите на двете страни не се истакнаа премногу во реализацијата. Јунајтед дојде до водство од 2-0 вов првото полувреме со головите на Каземиро и Шешко, а малку недостасуваше резултатот да биде идентичен во корист на гостинскиот тим.
На почесниот гол, Брентфорд чекаше дури до 87. минута кога Јенсен ја затресе мрежата на „ѓаволите“, но време за израмнување немаше.
Со оваа победа, Јунајтед дојде на само еден бод од враќање во Лигата на шампионите. Во моментов има 11 бода предност пред шестопласираниот Брајтон и може веќе во следното коло против Ливерпул да се бетонира во топ-5.