Фенербахче изгуби од Галатасарај, па го избрка тренерот

Еден ден по поразот од Галатасарај со кој испадна од конкуренција за шампионската титула, Фенербахче се раздели со тренерот Доменико Тедеско и неговиот стручен штаб.

„Сино-жолтите“ чекаат титула во домашното првенство веќе 12 години, постот не го прекина ни Жозе Мурињо, а Тедеско е нова колатерална штета на она што се случува во фудбалската секција на Фенербахче. Заедно со Тедеско и помошните, од клубот си заминуваат и спортскиот директор Девин Озек и координаторот Берке Челеби.

 

 

До крајот на сезоната, екипата ќе ја води Зеки Мурат Ѓоле. Тој ќе биде трет тренер сезонава која ја почна Мурињо, а до вчера на клупата беше Тедеско.