Руд и Медведев продолжуваат да газат на турнирот во Мадрид!
Норвежанецот доминираше и на сервис и на ретерн, реализираше пет од осум брејк-шанси, додека му помогна и Шпанецот со дури 26 неизнудени грешки. Неговиот следен предизвик е максмално сериозен. За место во четвртфинале ќе игра против Стефанос Циципас, кој исто така беше убедлив против Даниел Мерида Агилар (6-4, 6-2).
Во Топ 16 е и Данил Медведев, кој го елиминираше квалификантот Николај Будков Кјаер (6-3, 6-2). Имаше мал пад на стартот од вториот сет, но брзо се врати и рутински ја заврши работата. Меѓу најдобрите е и Франциско Церундоло, кој го совлада Лучиано Дардери (6-2, 6-3), кој место во четвртфинале ќе игра против победникот од дуелот меѓу Феликс Огер-Алиасиме и Александер Блок.