Вембанјама одигра натпревар каков не е виден уште од Олајџувон (ВИДЕО)
Виктор Вембанјама беше брилијантен, со 27 поени (9/17 шутирања од поле), 12 скока, 3 асистенции, 4 украдени топки и 7 блокади за 34 минути. Последниот играч кој имал такви бројки во натпревар од плејофот беше Хаким Олаџувон во 90. години од минатиот век. Подвигот на Французинот е уште позначаен бидејќи Спарс дури на еден час пред почетокот на натпреварот дознаа дека нивниот клучен играч ќе игра откако го помина протоколот за потрес на мозокот. По натпреварот, Вембанјама рече дека начинот на кој се вратил во играта бил „многу разочарувачки“, но нагласи дека медицинскиот персонал на Спарс се однесувал добро кон него.
Вембанјама доживеа потрес на мозокот во првото полувреме од вториот натпревар во кој Сан Антонио загуби со 103-106 и не беше достапен за третиот меч, во петокот вечерта. Покрај центарот, синоќа се истакна и Диерон Фокс кој постигна 28 поени (11/17 од поле) за Сан Антонио со 6 скока и 7 асистенции. Стефон Касл додаде 16 поени и 8 асистенции. Портланд го предводеше Дени Авдија со 26 поени и 7 скока, а Џру Холидеј додаде 20 поени и 6 скока.
Портланд имаше водство од 19 поени во првото полувреме и водеше со 17 на полувреме. Покрај тоа, Сан Антонио остана без Касл кој се повреди, па се чинеше дека Блејзерс лесно ќе дојде до победата. Сепак, Сан Антонио се врати со серија од 13-0 на почетокот на второто полувреме, во последниот период го израмнија резултатот на 74-74, а потоа Фокс и Келдон Џонсон постигнаа тројки за да го донесат својот тим во водство од 90-77. Забивањето на Џонсон на 4:31 до крајот на натпреварот му донесе на Сан Антонио водство од 101-81 и ја запечати победата.
Тимот од Тексас може да обезбеди пласман во втората рунда веќе во следниот меч кој го игра на домашен терен.
РЕЗУЛТАТИ
Хјустон – ЛА Лејкерс 115-96 (1-3)
Филаделфија – Бостон 96-128 (1-3)
Портланд – Сан Антонио 93-114 (1-3)
Торонто – Кливленд 93-89 (2-2)