Клучните фудбалери на Реал имаат фаворит за нов тренер!

„Марка“ пишува дека голем дел од клучните играчи на Реал Мадрид знаат што сакаат кога е во прашање тренерот за наредната сезона.

Реал Мадрид ќе заврши втора сезона без освоен трофеј, а тоа го вклучува алармот кај раководството кое бара начин како да се прекине постот.

Информациите на „Марка“ велат дека Алваро Арбелоа има поддршка од клучните играчи во соблекувалната.

Винисиус, Белингем, Валверде, Ридигер, Куртоа, Чуамени и Ѓулер сакаат Арбелоа да продолжи да го води тимот, тие се чувствуваат комфорно под негово водство и сметаат дека тој е вистинскиот човек за Реал.

Овие фудбалери се против тренерска смена.