Грилиш им се врати на старите навики – „мртов“ пијан спие во бар во Манчестер (ФОТО)
Фудбалерот на Евертон, кој се опоравува од повреда, ја поминал саботата пиејќи со пријатели, но како и секогаш, заборавил да застане. Според очевидци, Грилиш пристигнал во барот „Stories“ во Манчестер околу 16:30 часот во саботата, еден час подоцна, наводно, цврсто спиел на маса, опкружен со празни чаши и шишиња коктели.
„Неговите пријатели се обидуваa да го разбудат. Очигледно алкохолот брзо го допрел“, рекол еден од присутните гости.
Инцидентот се случил во лошо време за 30-годишниот Грилиш, кој е позајмен во Евертон од Манчестер Сити. Фудбалерот се опоравува од тешка операција на стапалото поради која ќе го пропушти остатокот од сезоната. Уште поболно е што дефинитивно ја изгуби секоја шанса за место во репрезентацијата на Англија на претстојното Светско првенство.