Јокиќ добро помина – доби само парична казна

Суперѕвездата на Денвер Нагетс доби казна од 50.000 долари, а Џулиус Рендл од Минесота Тимбервулвс од 35.000 долари за нивната вмешаност во тепачката што се случи кон крајот на четвртиот натпревар од првото коло од плејофот. И покрај казните, двајцата играчи ќе имаат право да играат во петтиот натпревар во понеделник во Денвер.

Инцидентот се случи откако Џејден Мекдениелс од Минесота поентираше на 2,1 секунди пред крајот на натпреварот, кога Тимбервулфс веќе имаа водство од 14 поени и никој не го чуваше додека другите играчи се поздравуваа на другиот крај од теренот. Нагетс го сметаа потегот за провокација, со оглед на тоа што победникот веќе беше решен.

Според соопштението на НБА, Јокиќ „го иницирал инцидентот со тоа што се соочил со Мекдениелс и го турнал“, додека Рендл „ја ескалирал ситуацијата со агресивно однесување и туркање на центарот на Нагетс, Брус Браун“. На двајцата играчи им беа доделени технички фаули и беа исклучени од натпреварот.

Минесота води во серијата со 3-1, но влегува во продолжението од серијата значително ослабена. Донте Дивинченцо е надвор од игра до крајот на сезоната поради скината Ахилова тетива, додека Ентони Едвардс ќе биде отсутен неодредено време поради повреда на коленото. Двајцата се повредија во натпреварот во саботата.