Се местат коцките Барселона да слави титула против Реал
На безмалку две недели пред третото Ел Класико оваа сезона, второ лигашко, станува јасно дека каталонскиот тим ќе има можност да слави во тој меч. Прашање е само дали титулата ќе ја обезбеди претходно, веќе идниот викенд или тоа ќе се случи токму на мечот со својот најголем ривал.
За да го освои трофејот пред Ел Класико, потребно е во следното коло Барселона да ја победи Осасуна на гости, а Реал да не го победи Еспањол на Корнеља Ел Прат. Во таков случај, каталонскиот тим ќе има предност од 13 или 14 бода на четири кола пред крајот што ќе биде недостижно за Реал. Сепак, во таков случај Барса нема да може да на терен да прослави затоа што на Осасуна ѝ гостува в сабота, а Реал игра в недела.
Ако двата тима победат, втора шанса за титула Барса ќе има во Ел Класико на 10 мај на Камп Ноу. Тогаш ќе ѝ биде потребен само еден бод за да дојде до 29. шампионски трофеј во домашното првенство. Единствениот начин Реал да се спаси од бламажа на теренот на Барселона е да победи на двете претстојни гостувања, а „каталонците“ да ги загубат двата претстојни натпревари.