Ако не стане селектор на Италија, Конте може да се врати на добро познато место!

Антонио Конте е главен фаворит за нов селектор на Италија, но ако тоа не се оствари искусниот стратег би можел да добие понуда од поранешен клуб.

Се шпекулира дека Конте е еден од кандидатите за нов тренер на Челси.

Сините нема да брзаат со одлука за наследникот наЛиам Росениор, планираат новиот тренер да го назначат на лето.

Дотогаш ќе се знае дали Конте ќе биде нов селектор, ќе остане во Наполи или пак ќе биде отворен за друг ангажман.