Фенербахче прегазен од Галата, Едерсон го нападна судијата (ВИДЕО)
Откако беше досуден пенал за Галатасарај во второто полувреме, голманот на Фенер плукна по судијата, за што доби втор жолт и автоматски црвен картон. Се двоумеше да го напушти теренот, а во еден момент му се приближи на судијата и му рече нешто на уво, за што турските медиуми објавија дека е закана.
Додека, сепак, го напушташе теренот, поранешниот голман на Манчестер Сити направи уште еден инцидент, удирајќи по плексигласот на кабината за ВАР мониторот.
На крајот, Галатасарај победи со 3-0 и најверојатно стави печат на шампионската титула во турското првенство.