Toрино се врати од два гола негатива и ремизираше со Интер (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер ремизираа на гостувањето кај Торино со 2-2, но и понатаму се на чекор до титулата.

Интер сега има десет бода предност во однос на Наполи, на четири кола пред крајот, па им е потребна само уште една победа за да ја освојат својата 21. шампионска титула.

Денес Интер поведе со головите на Турам во 23. и Бисек во 61. минута, а уште еднаш одличен беше Федерико Димарко, кој запиша две асистенции.

Интер беше подобар во првите 70 минути, но потоа следуваше необјаснив пад во играта, два брзи гола на противникот, по што тимот на Киву на крајот можеше да биде задоволен и со бод.

Прво Симеоне намали на 2-1 во 70-тата минута, а потоа Власиќ од пенал ги постави конечните 2-2.