Комо по три натпревари им се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)
Избраниците на Фабрегас беа подобар противник и сосема заслужено дојдоа до трите бода, резултатот беше отворен по десет минути игра кога Анастасиос Дувикас го отвори резултатот со глава.
Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме, а во вториот дел по нешто повеќе од еден час игра Диао го постави конечниот резултат.
Комо така се изедначи со Рома со по 61 бод на петата и шестата позиција, Јувентус е четврти со 63 бода, но „старата дама“ вечерва го игра својот натпревар од ова коло против Милан на гостински терен.