Нотингем Форест испука „петарда“ против Сандерленд (ВИДЕО)
Нотингем Форест целосно ги надигра „црните мачки“ во првото полувреме, а до првиот гол стигна во 17. минута. Гостите не запреа, туку продолжија со нападите, а во листата на стрелци до крајот на првиот дел се запишаа Вуд, Гибс-Вајт и Жесус.
Сандерленд се обидуваше да постигна гол во второто полувреме, но не им одеше во напад, а вистински шок доживеа во 95. минута кога Андерсон ги постави конечните 5-0.
По 34 одиграни кола, Нотингем Форест се наоѓа на 16. Позиција ѕсо 39 бодови, односно осум поени повеќе од Тотнем кој е во зоната за испаѓање.
Фото: Facebook/Nottingham Forest