Судија пријавил дека му украле пари на меч од женската елита!

Бизарен настан се случил на полуфиналниот натпревар меѓу Крива Паланка и Вардар во плеј-офот од македонската женска кошарка, откако на судијата Борјан Божиновски некој му украл пари од паричникот.

Судијата по натпреварот имал вербална пресметка со организаторот Ведран Белешковски, неговата сопруга и тренерот Виктор Петровски поради тоа што забележал дека во неговиот паричник недостасуваат 2.500 денари.

Во записникот од натпреварот е опишан настанот во кој судијата Божиновски му се обратил на организаторот Белешковски за да го извести за инцидентот, по што добил непријатен одговор и се создала караницата.

„Некоректно однесување на лицето Белешковски В. за што добил официјална опомена. Претходно, односно веднаш по завршување на натпреварот(бидејки за време на натпреварот а особено пред крај, имало постојани поплаки за судењето), делегатот почекал со затворањето на записникот 15мин. (како што предвидуваат пропозициите, a суидиите се упатиле во соблекувална да се пресоблечат), за во случај да не има официјална жалба за судењето од страна на домаќинот. Истото не било сторено од нивна страна во предвиденото време (немало поднесено официјална жалба), и на двете екипи им биле предадени лично од страна на делегатот по еден примерок од записникот. Делегатот се упатил надвор од салата кон своето возило каде ги чекал судиите да дојдат за да тргнеме за Скопје. После извесно време слушнал дека има некаква многу бучна расправија и решил да се врати во сала за да види во што е проблемот. Имало вербална расправија-објаснување, помеѓу судијата Борјан Божиновски и организаторот на натпреварот (Ведран Белешковски, сопругата негова како и тренерот Виктор Петровски). Делегатот се вмешал во обид да дознае што навистина се случило и зошто е таа расправија и добил објаснување од Борјан Божиновски дека после натпреварот приметил дека во неговиот новчаник му фалат 2500 ден. Судијата се обидел да му се обрати на Ведран Белешковски, сакал да го праша т.е. да му каже дека некој влегол во соблекувална и му украл пари бидејки на истата немало клуч, но за жал добил непријатен, негативен одговор со зборовите дека не сака и нема што он да разговара со него. Тука настанал целиот проблем, па дури дојшло и да има обвинувања од страна на организаторот за наводна лична навреда и закана од страна на Борјан Бошиновски кон организаторот (додека делегатот  бил внатре во сала не слушнал ништо што би било толку страшно и навредливо, но не знае што навистина се случувало додека бил надвор). Делегатот се обидел да ја смири ситуацијата, да се смират страстите и да се реши мирно проблемот, но за жал успел да го смири само Борјан Божиновски но не и организааторот, кој решил да го пријави целиот случај во Полиција. Припадници на МВР дошле за кратко во сала, им било објаснето за целата случка од страна на сл.лица, ги сослушале нив и организаторот, бил направен полициски записник, и од нив биле земени изјави. Лицата од МВР го прашале Борјан Божиновски дали сака да се поведе официјална постапка за тоа што му биле украдени пари но он одбил, а се со намера да не се крева премногу врева околу целата ситуација. За крај делегатот го наведува и крајно непристојното однесување на Ведран Белешковски. Без забелешки од страна на обете екипи и службените лица“, пишува во записникот на КФМ.