Штип УГД го нокаутира Борец и ја освои двојната круна!

Одбојкарите на Штип УГД вечерва триумфираа со 3-0 во сетови против Борец Волеј и го освоија трофејот во Првата одбојкарска лига на Македонија.

Штип УГД беше подобар од Борец во првиот сет со 25-18, а со ист резултат го освои и вториот сет, по што во следниот славеше со 25-16 за да стигне до пехарот.

Штипјани со оваа победа ја обединија двојната круна, откако претходно го освоија и Купот на Македонија.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија