Комо му даде „зелено светло“: Фабрегас се враќа во Премиер лигата!?
Фабрегас во моментов се поврзува со преселба во Челси, кој претходно го отпушти тренерот Лиам Росениор поради катастрофалните резултати во англиската елита.
Калчолигашот посочи дека нема да му стои на патот на Фабрегас и му даде „зелено светло“ за преселба во Премиер лигата.
Шпанецот има договор со Комо до јуни 2028 година, но ова е идеална шанса да го преземе клубот во кој играше од 2014 до 2019 година.
Фото: Facebook/Como 1907