Партизан се спаси - доби лиценца за настап во европските купови
Минатата недела излезе информација дека лиценцната комисија на УЕФА нема да му издаде лиценца поради финансиските проблеми, но во меѓувреме очигледно се средиле многу работи. Комисијата едногласно одлучила дека, врз основа на исполнувањето на критериумите за натпреварувања организирани од УЕФА, треба да им се издаде лиценца на следните клубови: Црвена звезда, Партизан, Војводина, Железничар, Чукарички, ТСЦ, ИМТ и Раднички 1923.
Документацијата беше разгледана во однос на сите пропишани критериуми: спортски, инфраструктурни, кадровско-административни, правни и финансиски, а врз основа на извештаи од компетентни експерти за секоја од горенаведените области.