УЕФА донесе одлука и го казни Престијани за случајот со Винисиус

Џанлука Престијани ја доби казната за случајот со Винисиус Жуниор во кој беше обвинет за расизам.

Престијани во натпреварот на Бенфика и Реал Мадрид според обвинувањата го навредил Винисиус и поради тоа доби суспензија од вкупно шест натпревари суспензија во елитното натпреварување.

Еден од натпреварите тој веќе одработи, додека три од нив се условни и нема да стапат на сила ако Престијани не направи сличен скандал во наредните две години. Тоа значи дека во овој момент ќе ги пропушти наредните два натпревари во Лигата на шампионите.

Ќе потсетиме, Престијани тогаш влезе во конфликт со Винисиус кој се пожали дека бил навредуван, додека фудбалерот на Бенфика тврдеше дека бил погрешно разбран.