Критики за Јамал: Неговата бизарна повреда не е случајност!

Ламин Јамал се најде на мета на критики откако заработи повреда на задната ложа во натпреварот на Барселона против Селта.

Имено, тинејџерот се повреди во моменти додека изведуваше пенал, а шпанските медиуми сметаат дека таа ситуација не е случајност.

Две вечери пред натпреварот со Селта, Јамал ја прими наградата „Лауреус“ за млад спортист на годината. По церемонијата тој на социјалните мрежи објави фотографија од приватен авион на која се гледа како признанието го прославува со брза храна од Мекдоналдс. Тој момент го истакна водителот Хуан Фурланих.

„Неверојатно е што се повреди изведувајќи пенал. И ако ги тргнеме настрана иронијата и хуморот, ова е сурова реалност, се повреди шутирајќи од белата точка. Зборуваме за фудбалер кој помалку од 48 часа претходно, во раните утрински часови, јадеше брза храна во приватен авион, непосредно пред натпреварот. Не верувам дека тоа е случајност, дека вакви работи се случуваат туку-така и дека се само резултат на несреќа.

Ова е поврзано со последиците од веројатно лоша физичка подготвеност, недоволен одмор, негрижа за сопственото тело и преземање ризици, што на крај доведе до ова што се случи. И не станува збор за украдена фотографија, самиот тој се пофали со тоа“; истакна водителот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @lamineyamal