Славен тренер со потекло од Македонија е во центарот на голем секс-скандал во САД!
Голем број медиумите од Балканот со голем интерес го следат овој скандал, а главна причина за тоа е што еден од нив е „познат Македонец“, мислејќи на Врабел чие потекло од нашата држава веќе е потврдено од самиот тренер.
Според американските медиуми, пак, нивната наводна врска трае со години, а кулминираше откако беа објавени фотографии на кои двајцата се држат за раце. Потоа почнаа да испливуваат и постари фотографии, кои дополнително ги подгреаја сомнежите.
Русини, која од пред шест години е во брак и која работеше во ЕСПН, важеше за едно од најпознатите имиња во следењето на НФЛ. Токму таму често правела интервјуа со Врабел, кој претходно го водеше Тенеси Тајтанс, пред да пристигне во Њу Ингланд. Дополнителен шок предизвикаа тврдењата дека врската започнала уште во 2020 година, а шпекулациите отидоа чекор подалеку – нејзиниот син, роден 2021, го носи името Мајкл, исто како тренерот.
Во меѓувреме, Русини ја напушти новинарската позиција, додека Врабел засега останува на клупата на Патриотс, иако притисокот расте.