Шампионот без мака: Интер со три гола во половина час ја реши Парма (ВИДЕО)
Работата домашниот состав ја заврши уште во првиот половина час кога беа постигнати сите погодоци. Резултатот го отвори Хрватот Сучиќ по 13 минути игра, само пет минути подоцна Чалханоглу од пенал се погрижи за 2-0. Третиот гол на истекот на половина час игра беше дело на Маркус Турам.
Во продолжение темпото на игра опадна, Интер со мирна игра ги чуваше силите и го приведе натпреварот кон крајот.
За „нераѕурите“ ова е петти триумф во шестиот натпревар со што стигнаа до 16 бода на лидерската позициај, Рома и Лацио се зад нив со по 13, но римските ривали допрва треба да ги одиграат дуелите од шестото коло.