Арис го прегази АЕК, Димитријевиќ беше најдобар асистент

Eкипата на Арис каде што настапува македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ убедливо славеше против АЕК со 88-58, а Димитријевиќ имаше и дополнителна причина за задоволство.

Имено, тој беше најдобриот асистент во својот тим и за неполни 20-тина минути на теренот собра осум асистенции, најмногу од своите соиграчи. Покрај асистенциите, Нено додаде уште пет поени и четири скока.

За Димитријевиќ и соиграчите ова беше прва победа во сезоната откако во првото коло загубија кај Кардитсас со 74-68.