Тиквеш немаше што да бара во Скопје, Работнички издоминира за втора победа (ФОТО)
Дополнително мотивирани од одличната атмосфера, домаќините доминираа од почетокто до крајот на средба и Тиквеш во ниту еден момент не беше блиску да се надева дека може да дојде до некакво изненадување.
Многу брзо уште на средина од првата четвртина, Работнички за првпат поведе со двоцифрена азика (15-4). Гостите успеја до некаде да се соземат, па првиот период домашниот состав го доби со 19-12.

Сепак, тоа мало враќање на Тиквеш траеше кратко, набрзо во втората четвртина почна доминацијата на фаворитот кој на одмор замина со огромни „плус 23“ (49-26). По враќањето на паркетот работите не се промени, Работнички играше сигурно и не дозволи убедливото водство да биде загрозено.
Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Куманово стигна до првата победа и по поразот од шампионот МЗТ, денеска беше подобар од Штип на свој терен со 70-59.






