Гасперини ја доби „битката“, Раниери си замина од Рома!
Рома одлучи да застане на страната на својот тренер и тоа воедно значеше дека Раниери ќе го напушти клубот.
„Ние веруваме во проектот и сметаме дека треба да биде воден од Џан Пјеро Гасперини“, потврди Рома во клупското соопштение.
Ќе потсетиме, Раниери минатата година се врати во клубот, прво како тренер со задача да го најде новиот стратег, а по доаѓањето на Гасперини ја презема улогата на советник.