Италијанците покажаа класа – ја отфрлија срамната идеја на Трамп за настап на СП!

Идејата за сензационална замена на Иран со селекцијата на Италија напретстојното СП 2026 експресно доби „црвен картон“ и тоа директно од - Рим.

Италијанскиот министер за спорт, Андреа Абоди, јасно пресече.

„Тоа не е можно и не е соодветно. Квалификациите се добиваат на терен, не во канцеларија“, изјави тој

Реакцијата доаѓа само ден по предлогот на Паоло Замполи, специјален пратеник на американскиот пратеник Доналд Трамп, кој од ФИФА побара „аѕурите“ да влезат наместо Иран. Отпорот во Италија е жесток. Првиот човек на олимпискиот комитет, Лучијано Буонфиљо, порача дека би бил „навреден“ од такво сценарио.

„Мора да се заслужи пласман на Мундијал“, изјави тој.

Министерот за финансии, Џанкарло Џорџети, отиде уште подалеку – ја нарече идејата „срамна“.

Во меѓувреме, од Вашингтон доаѓаат поделени сигнали. Трамп кратко изјави дека „ќе размисли“, додека државниот секретар Марко Рубио појасни дека проблемот не се играчите, туку потенцијалната придружба. Од Техеран, пак, немаат дилеми – Иран доаѓа на Мундијалот. Иранците убедливо се квалификуваа, освојувајќи ја својата група со само еден пораз, додека Италија третпат по ред СП го гледа од дома.