Голема „кражба“ на повидок: Сити ќе го смени Бернардо Силва со – фудбалер на Челси!?
Бројни медиуми низ Англија тврдат дека Сити интензивно бара замена за Португалецот чие заминување од „Етихад“ ќе остави голема дупка, а покрај гореспоменатиот Енцо Фернандес, раководството на Сити е заинтересирано и за Елиот Андерсон, играч од средниот ред на Нотингем Форест.
Реал Мадрид е исто во игра за Енцо Фернандес, но во оваа фаза нема конкретна понуда. Аргентинецот даде некои коментари за „кралскиот клуб“ и неговото продолжување на кариерата на Бернабе, поради што поранешниот менаџер на „сините“, Лиам Росениор го изостави од тимот два последователни натпревари. Навивачите на Челзи, исто така, се свртеа против фудбалерот, а критики доби и од легенди на клубот.
Хавиер Пасторе, агентот на аргентинскиот играч од средниот ред, неодамна призна дека разговарал со клубот од Стемфорд Бриџ за продолжување на неговиот договор, иако неговиот тековен е со важност до 2032 година. Тој додаде дека ако двете страни не успеат да се договорат за подобар договор за Фернандес, би можел да разгледа други опции по Светското првенство.
Фернандез има 163 натпревари за Челзи откако дојде од Бенфика во јануари 2023 година во рекорден трансфер за британскиот фудбал. Тој одигра 48 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи 12 гола и шест асистенции.