Крај на шпекулациите: Италија не сака да го замени Иран на СП
Иран сè уште се подготвува за настап на Мундијалот, но имаше шпекулации дека би можел да се откаже од учество, а како негова замена се споменуваше Италија, меѓутоа „аѕурите“ не сакаат на таков начин да се најдат на големото натпреварување.
Италијанскиот министер за спорт, Андреа Абоди кажа дека такво сценарио не е возможно и идејата не е добра, додека претседателот на италијанскиот олимписки комитет, Лучиано Бунфиљио нагласи дека такво решение ќе биде навреда за спортот.
„Мора да го заслужите вашиот настап на Светското првенство“; кажа тој.
Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio