Реал Мадрид сонува за тандем од соништата - Клоп и Крос!
„Диарио АС“ пишува дека раководството на „кралскиот клуб“ ќе се обиде да го добие потписот на германскиот стратег Јирген Клоп, а помошник треба да му биде легендата на Реал Мадрид, Тонис Крос.
Клоп е еден од најпочитуваните тренери во светот на фудбалот, а со многу успех претходно ги водеше Борусија Дортмунд и Ливерпул, па затоа „кралевите“ сметаат дека ќе биде идеален избор.
„Кралевите“ го сакаат и Крос, кој веќе е легенда на Реал Мадрид откако освои голем број пехари во изминатите години.
Фото: Liverpool FC/X