Баерн Минхен не се откажува од легендата – Ноер и со 40 години добива нов договор!

Еден од најдобрите светски голмани во моментов, Мануел Нојер (40 години), ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен за уште една сезона, пренесува новинарот Максимилијан Кох.

Договорот меѓу двете страни веќе е постигнат, а официјалната потврда се очекува во скоро време. Нојер и покрај што веќе навлезе во петтата деценија од животот и понатаму се чувствува подготвен за највисоко ниво, а во Минхен се презадоволни од неговиот придонес. Планот за следната сезона е искусниот голман да го дели времето на теренот со Јонас Урбиг.

Ветеранот сезонава има 21 настап во Бундеслигата, на кои прими 19 голови – бројки што покажуваат дека легендата сè уште е сериозен фактор меѓу стативите.