Aрсими го реши Шкупи и го скокна Башкими

Фудбалерите на Арсими со сигурна победа над Шкупи од 5-1 го отвори 29. коло во Првата фудбалска лига.

Шкупи и во овој натпревар како и на најголем дел оваа сезона не покажа речиси ништо и запиша уште еден убедлив пораз во кој барем постигна гол што за нив и тоа е реткост сезонава.

Победата домашниот состав ја најави со двата гола во првото полувреме кога стрелаа Рамадани и Реџепи.

Шкупи на почетокот на второто полувреме во 49-тата минута од првата и единствена своја посериозна прилика на мечот го постигна голот за утеха преку Нухија.

До крајот Арсими постигна уште три гола за убедлив триумф. Шкупи со овие три бода го скокна Башкими и на шестата позиција дојде до 38 бода, еден повеќе од кумановскиот состав и пет од Брера која е на 33 прва во опасната зона.