Toтнем договори две големи засилувања, но ќе ги добие ако не испадне

Раководството на Тотнем почна активно да работи на засилување на тимот за наредната сезона. По соиред најавите веќе завршениот трансфер на Енди Робертсон, челниците на клубот од северен Лондон договориле уште едно ново засилување.

Станува збор за аргентинскиот дефанзивец Маркос Сенеси, стандарден член на Борнмут, кому ова лето му истекува договорот со премиерлигашот. Иако се шпекулираше дека Сенеси веќе има договор со Јувентус, Тотнем бил побрз и му понудил услови кои не можел да ги одбие.

Сепак, иако двете засилувања практично се сигурни, постои еден услов за конечна реализација, Тотнем мора да остане член на Премиер лигата. Ниту Сенеси, ниту Робертсон не сакаат да играат во Чемпионшип.