Осмопласираниот тим во Србија продаде фудбалер за 4.000.000 евра плус проценти
Трансферот од осмопласираниот тим во Србија во Австрија е вреден 4.000.000 евра со процент од следната продажба. Офанзивниот играч од средниот ред кој оваа сезона се истакна во тимот од Баново Брдо ќе ја продолжи својата кариера во најуспешниот австриски тим, кој со години се смета за едно од најдобрите места за развој на кариерата на младите фудбалери.
Матијашевиќ беше еден од најстандардните првотимци на Чукарички оваа сезона, играјќи 28 натпревари со постигнати четири гола. Младиот играч кој неодамна го прослави своето полнолетство, е роден на 4 март 2008 година и се обврза на верност на Салцбург, тим кој 17 пати бил шампион на Австрија.
„Навистина сум воодушевен што следното лето ќе му се приклучам на Салцбург. Клубот е добро познат по одличната работа со млади играчи. Сакам да ја искористам секоја можност што ќе ми се укаже, ќе направам сè што можам за да се прилагодам на новата средина што е можно побрзо и да му помогнам на мојот нов тим да продолжи со успехот“, рече Матијашевиќ на презентацијата во Салцбург.
Матијашевиќ беше и на списокот на српски репрезентативци од Суперлигата, тој помина неколку дена тренирајќи под водство на тренерот Вељко Пауновиќ во Стара Пазова. Исто така, неодамна, Меѓународниот фудбалски институт (CIES) со седиште во Нојшател, Швајцарија, спроведе студија во врска со играчите под 20 години во Европа кои имаат најмногу шанси создадени во сениорскиот фудбал за регионот на Источна Европа. Меѓу првите десет е и првиот играч на Чукарички, Филип Матијашевиќ кој е на високата четврта позиција, со одличен индекс во оваа категорија – 1,39. Сето ова беше најдобра можна препорака за Салцбург да го потпише Матијашевиќ, еден од најдобрите млади играчи во Србија во неговата возрасна група.
Отштетата од четири милиони евра е мисловна за македонскиот фудбал каде и ако се соберат сите излезни трансфери последните 2-3 години, тешко би се дошло до оваа сума. Најскапиот трансфер во историјата на Македонија го држи Давид Тошевски кој во 2020 година од Работнички се пресели во рускиот Ростов за еден милион евра.