Барселона се збогува со Евролигата: Монако се пласира во плеј-офот!

Кошаркарите на Монако триумфираа против Барселона со 79-70 и се пласираа во плеј-офот во Евролигата, каде што ќе се соочат против Олимпијакос во четвртфиналето.

Барселона тргна катастрофално во дуелот и му дозволи на Монако да води со 26-14 по првите 10 минути, а нивната предност се зголеми до 49-35 до полувреме.

Двете екипи не беа расположени во нападот во третата четвртина, па Монако постигна само девет поени, додека Барселона имаше двојно повеќе. Во возбудлива завршница, „кнезовите“ успеаја да запишат победа која ги однесе во плеј-офот.

Даниел Тајс постигна 16 поени и пет скокови за Монако, додека Вил Клејбрн запиша 16 поени и седум скокови за Барселона.

Фото: Facebook/A.S. Monaco Basket