Лајпциг го реши Унион Берлин и направи чекор кон ЛШ (ВИДЕО)
Финкграфе погоди во 22. минута за предност на Лајпциг, а само неколку минути подоцна Ромуло Кардосо зголеми на 2-0.
Лајпциг продолжи со нападите и во вториот дел, па преку Баку зголеми на 3-0, додека Унион Берлин со единствениот удар во рамките на голот на домаќинот, во 78. минута намали на 1-3.
„Биковите“ со оваа победа освоија нови три бодови со кои направија чекор напред кон пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).
Фото: Facebook/RB Leipzig