Ланс се „врати од мртвите“ и освои бод против Брест

Поранешниот француски шампион Ланс освои бод на гостувањето кај Брест (3-3) во 31. коло од Лига 1, иако сè изгледаше изгубено по првите 45 минути (0-3).

Брест играше одлично од самиот старт и ги користеше своите шанси, па во првиот дел погоди преку Гуиндо, Тусар и Дина Ебимбе за водство од 3-0.

Ланс се „врати од мртвите“ во второто полувреме, а до гол стигна по еден час игра преку Туван. Само четири минути подоцна Сима стрелаше за 2-3, додека Сент-Максимин израмни на 3-3 во четвртата минута од судиското надополнување.

Ланс е втор во Лига 1 со 63 бодови, односно три помалку од лидерот ПСЖ.

Фото: Facebook/Racing club de Lens