Нотингем Форест испука „петарда“ против Сандерленд (ВИДЕО)

Поранешниот двократен европски шампион Нотингем Форест се разигра во најважен момент и оствари победа од 5-0 против Сандерленд во 34. коло од Премиер лигата, со што освои важни бодови во трката за опстанок.

Нотингем Форест целосно ги надигра „црните мачки“ во првото полувреме, а до првиот гол стигна во 17. минута. Гостите не запреа, туку продолжија со нападите, а во листата на стрелци до крајот на првиот дел се запишаа Вуд, Гибс-Вајт и Жесус.

Сандерленд се обидуваше да постигна гол во второто полувреме, но не им одеше во напад, а вистински шок доживеа во 95. минута кога Андерсон ги постави конечните 5-0.

По 34 одиграни кола, Нотингем Форест се наоѓа на 16. Позиција ѕсо 39 бодови, односно осум поени повеќе од Тотнем кој е во зоната за испаѓање.

Фото: Facebook/Nottingham Forest