Белерин го остави Реал без победа во последните секунди од мечот (ВИДЕО)

Реал Мадрид не успеа да триумфира на гостувањето кај Бетис во Севилја (1-1), откако Ектор Белерин постигна гол во последните секунди од натпреварот.

„Кралевите“ ја контролираа играта во првиот дел, а во 17. минута Винисиус Жуниор стрелаше за предност од 1-0.

Двете екипи продолжија со напади и во второто полувреме, но голманите беа на висина на задачата сè до завршницата од натпреварот.

Бетис тргна по гол во последните секунди и Белерин беше херој за Бетис, откако ја затресе мрежата на „кралскиот тим“.

Фото: EPA