Ланс се „врати од мртвите“ и освои бод против Брест
Брест играше одлично од самиот старт и ги користеше своите шанси, па во првиот дел погоди преку Гуиндо, Тусар и Дина Ебимбе за водство од 3-0.
Ланс се „врати од мртвите“ во второто полувреме, а до гол стигна по еден час игра преку Туван. Само четири минути подоцна Сима стрелаше за 2-3, додека Сент-Максимин израмни на 3-3 во четвртата минута од судиското надополнување.
Ланс е втор во Лига 1 со 63 бодови, односно три помалку од лидерот ПСЖ.
Фото: Facebook/Racing club de Lens