Пелистер го декласира ТФТ во дербито во Супер лигата
Битолчани тргнаа моќно во натпреварот и беа расположени во нападот, па првото полувреме го завршија со 66 постигнати поени, додека нивниот ривал запиша само 37 поени.
Почетокот на вториот дел не понуди ефикасна кошарка, но затоа Пелистер повторно се разигра во последната четвртина во која дополнително ја зголеми предноста до конечни 105-69.
Дејвис и Вилсон беа најефикасни кај Пелистер со по 20 поени, додека Стојаноски запиша 16 поени за ТФТ.