Трагедија: Екс-репрезентативец на Нигерија почина на тренинг

Поранешниот репрезентативец на Нигерија, фудбалерот Мајкл Енерамо, починал утрово откако му се слошило за време на тренинг.

Како што пренесуваат нигериските медиуми, Енерамо колабирал и починал на тренинг, а обидите за реанимација биле неуспешни. Четириесетгодишниот напаѓач во својата кариера запиша и 10 настапи за репрезентацијата на Нигерија во кои постигна три гола.

Енерамо настапуваше за Лоби Старс во нигериската Премиер лига пред да потпише за тунискиот гигант Есперанс. Потоа играше и во Алжир и Саудиска Арабија, но најголем дел од кариерата помина во Турција каде што беше дел од: Бешикташ, Карабукспор, Башакшехир и Манисаспор во периодот од 2010 до 2017 година.

Кариерата ја заврши во екипата Турк Оџаги Лимасол од турскиот дел на Кипар.

Фото: EPA