Вредна победа за Барса, ама сите мисли се насочени кон Јамал (ВИДЕО)

Барселона ја задржа предноста од девет бода во однос на Реал откако вечерва на домашен терен ја совлада Селта со 1-0.

Триумфот е исклучително важен пред трите тешки натпревари, против Гетафе и Осасуна на гости и Реал на домашен терен, но тој остана засенет од повредата на Ламин Јамал пред завршувањето на првото полувреме. Младиот шпански репрезентативец прво изнуди пенал, потоа го претвори во гол од белата точка, но веднаш легна на тревата и побара измена поради повреда.

Од неговите гестикулации можеше да се заклучи дека станува збор за повреда на задната ложа, а првите информации во каталонските медиуми се дека му претстои долга пауза поради која во опасност е доведе и настапот на Светското првенство. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден, поради што сите мисли на навивачите на Барселона во моментов се насочени кон Јамал.

За да ја освои титулата, на Барселона ѝ се потребни 12 вода во последните шест кола, под услов Реал да победи се до крајот на првенството.